(ФОТО) Меган Маркл, по медиумска пауза, ПОВТОРНО ВО ЈАВНОСТ, додека „се’ гори’ дека се разведува од ХАРИ: Нејзиното ПОДМЛАДЕНО ЛИЦЕ го краде погледот, а фустанот е ВЕЌЕ ВИДЕН, но полн погодок

По медиумската пауза, Меган Маркл синоќа се појавила во Лос Анџелес, на церемонија организирана за помош на детската болница во ЛА. Принцот Хари не бил покрај неа, а војводата од Сасекс неодамна неколку пати се појавуваше во јавноста без сопругата, што предизвика сомнеж дека има проблеми во нивниот брак. Додека кружат вакви приказни, војвотката блеска, во изменета верзија на стар фустан.


Војвотката од Сасекс носела црвен фустан од модната куќа „Каролина Херера“, истиот модел што го избра во 2021 година за настан во Њујорк, во чест на војската во пресрет на Денот на ветераните во САД и Денот на примирјето во Британија. Хари тогаш беше покрај неа.


Меган Маркл на црвениот тепих се сретналасо децата и на шега прашала едно момче: „Зарем не е време за спиење?“. На синоќешниот настан Какошто пишува Daily mail, Хари отишол на планинарење со пријателите, а Меган Маркл го организирала тоа патување. Без разлика, соло појавувањето на војвотката ги подгреало сомнежите дека работите не одат добро за неа и за Хари.
Принцот неодамна беше сам во Лондон, а во последните 15 дена имаше 10 јавни настапи без сопругата, вклучувајќи патување во Британија, Лесото и свеченост во Њујорк.


Меган последен пат беше видена ден пред 40-тиот роденден на нејзиниот сопруг кон средината на минатиот месец. И’ во 2023 година се пишуваше дека таа и Хари се долго време разделени, но извори блиски до нив велат дека тие двајца, како и секој пар, имаат несогласувања, но дека нивната врска е силна.
Војвотката е фрустрирана од судските случаи на Хари во Британија, а се шпекулира дека парот е во несогласување околу воспитувањето на нивните деца, Лилибет и Арчи.
И порано имаше гласини за развод, а некои веруваат дека соло патувањето на Хари во Лондон била негова одлука да го подобри својот имиџ. „Слушам дека сакал така, верувам дека сака простор“, тврди извор од Калифорнија.

Други додаваат дека Меган и Хари, кои се во брак од 2018 година, сега имаат различни цели.
„Војводата и војвотката сега напредуваа како поединци – не само како двојка. Војводата е фокусиран на својата покровителска работа, а војвотката на нејзиното претприемачки пат. Но, ќе има заеднички напори во работата“.
Забележливо е и тоа што Меган изгледа подмладено, се коментирало дека многу ослабела и дека тоа се одразило и на нејзиното лице кое делува многу освежено, пополно по волумен и едноставно помладо.

Извор и фото: zena.blic

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неопходен минерал кој телото не го произведува – 8. намирници ќе го надоместат

Магнезиумот е минерал кој е неопходен за општото здравје на организмот и урамнотежено, добро расположение. …