Се одржа првиот натпревар во жонглирање за млади фудбалери

На 2 октомври 2024 година, во организација на фудбалскиот клуб „Карев“ од Скопје, се одржа првиот натпревар во жонглирање.

Натпреварот беше од отворен карактер и се одржа на теренот на ФК „Карев“ во населбата Карпош. На истиот земаа учество дваесетина млади фудбалери од неколку фудбалски школи.


Младите фудбалери на најдобар можен начин ги презентираа своите фудбалски вештини, а целиот настан помина во одлична атмосфера, дружба и забава.

Победници:


I место: Лео Ивцески (ФК Карев, 2010) 1100 жонглирања


II место: Матеј Трпевски (ФШ Грозданоски, 2012) 701 жонглирања

III место: Никола Стојанов (ФК Карев, 2011) 610 жонглирања

За победниците беа доделени награди од 3000, 2000 и 1000 денари, ваучери од Келме за прво, второ и трето место.

Редaкцијата на Екран им честита на победниците и им посакува уште многу успеси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Настан по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, организира настан по повод Светскиот ден на …