Денес во Кинотека на Македонија, со почеток во 18:00 часот, ќе биде прикажан италијанскиот игран филм „Бескрајна недела“.
Алекс, Бренда и Кевин сe пост-милениумци кои живеат во село од околината на Рим, и се во онаа фаза од животот кога да се биде во светот е нешто со што е тешко да се справиш – се борат против секојдневниот живот за да му дадат смисла на своето постоење. Тие се стремат да бидат забележани и запаметени со текот на времето.
БЕСКРАЈНА НЕДЕЛА е дебитантски филм на Алан Парони за кој ја има добиено специјалната награда на жирито Оризонти на 80-тото издание на Венецискиот филмски фестивал.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
БЕСКРАЈНА НЕДЕЛА
(Una sterminata domenica / An Endless Sunday)
Игран филм, Италија
2023, 115 мин., колор, ДЦП
Режија: Алан Парони (Alain Parroni)
Сценарио: Алан Парони, Беатрис Пучили, Џулио Пеначи (Alain Parroni, Beatrice Puccilli, Giulio Pennacchi)
Улоги: Енрико Басети, Федерика Валентини, Закари Делмас (Enrico Bassetti, Federica Valentini, Zackari Delmas)