Слабеењето не е лесен процес, но со внимателен избор на храна и правилна исхрана, можете да ги постигнете своите цели и во исто време да стекнете долгорочни и здрави навики. Некои намирници се дефинитивно подобар избор во процесот на слабеење, затоа внимателно избирајте ги при следното купување.
Нутриционистот и диететичар Александра Ѓорѓевиќ, која редовно споделува корисни содржини на својот Инстаграм профил под името „bigmama_healthyfood“, ги открила своите 10 омилени кога станува збор за намирниците кои помагаат при слабеење.
„Не сите наведени намирници се нискокалорични, па затоа треба да внимаваме и на калориската вредност, односно количината што ја јадеме во еден ден“, изјавила таа.
View this post on Instagram
Во видеото кое го сподели на својот Инстаграм може да се види како избира зеленчук на пазар, во описот на објавата објасни зошто преферира одредена храна.
Јаболката се првата храна на нејзината листа. Истакнува дека се нискокалорични и богати со растителни влакна, што помага за долготрајно чувство на ситост. На второ место е зелениот чај, бидејќи содржи антиоксиданси, кои го забрзуваат метаболизмот и согоруваат масти.
После тоа, таа споменува уште еден популарен пијалок препорачан од многу тренери и нутриционисти, а тоа е грчкиот јогурт со малку маснотии. Го препорачува бидејќи е богат со протеини, кои, како и влакната, помагаат подолго да се чувствувате сити и да го регулирате гладот.
Нутриционистот Ѓорѓевиќ ја препорачува и овесната каша која е позната по многуте придобивки и потенцијалот за забрзување на метаболизмот. Покрај тоа, таа истакнува дека овесната каша има висока содржина на влакна, кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и не одржуваат подолго сити.
Секако, на оваа листа се наоѓаат и јајцата кои се познати како добар извор на протеини и здрави масти, но и авокадото кое често се комбинира со јајца и некои извори на јаглехидрати. Според неа, авокадото е извор на здрави масти кои одржуваат стабилно ниво на енергија и спречуваат прејадување.
На листата се најде и брокулата – нискокалоричен зеленчук, кој содржи многу влакна и вода, а притоа помага и за регулирање на апетитот. Но, секако, при слабеење, покрај големо количество влакна, важен е и внесот на протеини за да се изградат мускули. Затоа предлага и консумација на пилешко филе.
Последните две намирници на нејзината листа се бадемите и киноата. Познато е дека бадемите се извор на здрави масти и протеини, кои помагаат при ситост. Нешто помалку вообичаена храна во менијата, нутриционистот Ѓорѓевиќ истакнува дека киноата е совршена рамнотежа на масти и протеини, како и витамини, минерали, масни киселини и влакна.
Фото: Архива