Денес роденден прославува нашиот познат моден дизајнер и визуелен уметник Никола Ефтимов

Никола Ефтимов е роден на 6 октомври 1968 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графичка уметност и модно творештво, 1993 година) и ги завршил магистерските студии на „Академија Италијана“ во Фиренца, Италија (Модата како уметност, „Ексцентричната машка носија во последните три века“, 1998). По тригодишното работно искуство (2006–09) како академски менаџер и професор на „Академија Италијана Скопје“, бил окупиран со истражувањата за својата докторска теза. Во октомври 2009 година, започнал да предава на Факултетот за уметност и дизајн, во Европскиот универзитет во Скопје.

Тој има широк спектар на професионални интереси (мода како уметност, мода како комуникација, теорија и историја на костуми и мода, експериментални модни техники, машка облека, теорија на колекција, висока мода, фотографија) и неговата работа е насочена кон истражување на половите, културните и социјалните прашања на костумите и модата. Од 1994 до 1997 година учествувал на групни изложби на графичка уметност и цртеж (Македонски цртеж ’96 – Награда од Националната и универзитетска библиотека Скопје, примена во 1997 година).


Периодот помеѓу 1992 и 2010 година, го обележал со работа во областа на модата и костимографијата. Во 2005 година, тој ја освоил „Наградата за Кока-Кола лесен моден дизајн“ што му овозможило презентација на победничкиот дизајн во Фиренца и позицијата на професор на „Академија Италијана Бангкок“ (2005–2006).

Среќен роденден Никола ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …