(ФОТО) Меган Маркл ги налутила Британците со она што го направила после раѓањето на синот Арчи

МЕГАН МАРКЛ разгневила многу Британци откако излезе веста дека таа тајно разменувала податоци за изводот на родените на нејзиниот син Арчи, кој го доби во бракот со принцот Хари.
Според „Daily Mail“, 20. дена по раѓањето на бебето, на 5. јуни, таа решила да го отстрани од изводот на родените нејзиното вистинско име Рејчел Меган и да го замени со Нејзиното кралско височество војвотката од Сасекс.
Таа не извести никого за промената и многумина сметале дека тоа го сторила во чест на принцезата Дајана, која се потпишувала со Нејзиното височество војвотката од Велс.
Некои тврделе и дека само сакала да ја налути нејзината јатрва Кејт Мидлтон, со која наводно не е во добри односи.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Markle 🔵 (@meghanmarkle_official)


Таа ги негирала обвинувањата
Наскоро по силните обвинувања, се огласила и самата Меган, која преку портпаролот рекла дека промената на името следела по барање на палатата.
„Навредливо е да се помисли дека Меган сакала да биде безимена на изводот на родениот син“, рекол портпаролот.
Само неколку месеци по промената, Меган и Хари се откажаа од своите титули и заедно со синот се преселија во Лос Анџелес.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …