(ФОТО) Македонско девојче е новата „Мис Балкан 2019“:Кристина Димитриевска ја понесе балканската круна!

Македонската убавина не ретко е препејувана, а изборот што синоќа се одржа во Белград, Србија уште еднаш покажа дека ја има и македонските девојчиња се меѓу најубавите…

Вчера во хотелот АМБАСАДОР во Белград се одржа официјалниот избор за Мис на Балканот за 2019-та година.
Победничка е нашата Кристина Димитриевска, 23. години од Тетово. Таа во силна конкуренција меѓу девојките од балканските држави ја освои оваа престижна и ласкава титула и на некој начин ја потврди титулата Новогодишна Балканска убавица, која ја освои уште на свои 17. години. Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Србија, а Втора придружничка е девојката од Црна Гора, ни изјавија од Модното Студио Црнокрак, кои ја поседуваат лиценцата за Македонија за овој балкански избор за убавина и преку кои преубавата Кристина настапи во Белград. 

Круната и ја предаде поранешната победничка, Дениса Ходисон од Романија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …