Новиот Ford Focus RS би можел да пристигне и’ со над 400 коњски сили

Доколку овие гласини се покажат како точни, тогаш најновата генерација на Ford Focus RS ќе може да „излезе на линија“ со најмоќните хечбекови на денешницата, како на пример Mercedes-AMG A45 S кој развива импресивни 415 коњски сили.
Четвртата генерација на Ford Focus веќе има ST верзија, но се уште се чека за најмоќната верзија на компактниот хечбек.
Ford Focus е исклучително популарен во Европа, неодамна од Ford се пофалија дека продаваат по еден модел на секои 135 секунди, а Focus е популарен и кај љубителите на брзите автомобили – секако станува збор за моделите ST и RS.
Како што пренесува “Car Magazine”, новиот Ford Focus RS би можел да пристигне на пазарот во 2021-ва година, а официјалното деби би можел да го има веќе кон крајот на идната година.
После оваа вест, се појавија бројни шпекулации околу можните перформанси, а најверојатно новиот Ford Focus RS под хаубата ќе го има одличниот 2,3-литарски EcoBoost агрегат.
Актуелниот Ford Focus RS располага со 350 коњски сили, а наследникот кој би имал електромотор на задната осовина би можел да развива и над 400 коњски сили.
Доколку овие гласини се покажат како точни, тогаш најновата генерација на Ford Focus RS ќе може да „излезе на линија“ со најмоќните хечбекови на денешницата, како на пример Mercedes-AMG A45 S кој развива импресивни 415 коњски сили.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …