Халкбанк декемвриската пензија за своите пензионери ќе ја исплати на 30ти декември

По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници ве известуваме дека Халкбанк АД Скопје декемвриската пензија ќе ја исплати на 30.12.2019 година за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на сметка во Халкбанк АД Скопје.

На овој начин сакаме да излеземе пресрет на сите приматели на пензија преку Халкбанк за да можат што поубаво да ги поминат празниците.


Од следниот месец исплатата на пензијата ќе продолжи на секој 1ви во месецот, односно, доколку предвидениот ден е викенд, тогаш исплатата се поместува за следниот работен ден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …