(ФОТО) Мајката на војвотката, Меган Маркл, итно се преселува во Лондон!?

Дорија Регленд, мајка на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, според островските медиуми, планира да се пресели во Лондон.
Според списанието Marie Claire, нејзиниот план е да биде поблиску до нејзината ќерка, која доста се намачила во односите со другите членови на кралското семејство, таткото Томас и полусестрата Саманта.
А, како што пишува Daily Mail, ќе се пресели веќе во септември.


“Таа се подготвува и сè оди според планот, таа навистина сака да живее поблиску до нејзината ќерка, а тоа е нејзиниот главен мотив за менување на континентот. Дополнително, Дорија се вљубила во Англија и сигурно ќе биде среќна таму”,вели изворот, додавајќи дека таа планира да ја напушти својата работа во социјалната служба во Лос Ангелес и целосно да се прилагоди на новиот живот во Англија.


Мајката на најпознатата војвотка е единствената од нејзиното семејство, со кого принцот Хари се сретнал пред свадбата и совршено се согласува со сите членови на кралското семејство, па промената на адресата несомнено ќе им се допадне на сите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …