(ФОТО) Мадона поради синот се преселила во Лисабон: „Невозможно е да се планира животот кога имаш син фудбалер“!

Да, таа е една од најпознатите светски пејачки, но таа е пред се мајка на шест деца, и нејзината одлука да се пресели со целото нејзино семејство во Лисабон, поради најмладиот син, многумина не ни изненадила многу.
Мадона ги има ќерката Лурдс и синот Роко, кои се нејзини биолошки деца. Покрај нив од африканската земја Малави усвои четири деца, Џејмс, Дејвид, Стела и Естер.


“Секоја мајка на фудбалерот го знае тоа дека на некој начин немате живот затоа што работите се менуваат од недела до недела, а натпреварите од викенд до викенд. Понекогаш си во град, понекогаш не знаеш се’ до четврток вечер дали натпреварот ќе се игра во сабота или недела, на пладне или подоцна”, рекла Мадона во интервју за италијанското списание „Вог”, чијаа последна насловна е токму со оваа позната пејачка.

“Невозможно е да имате планови, сметате дека не сте праведни кон останатите деца или кон себе”, додала таа.
Во Лисабон, освен Давид (12), се преселиле и децата Џејмс (12) и петгодишните Естер и Стела, додека 21.годишната Лурдс и 17.годишнициот Роко не живеат со својата мајка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …