(ФОТО) Избркана од трговски центар поради шорцеви: “Правела проблеми на мажите”!

Едно од лицата што го обезбедувале шопинг центарот и’ кажал дека зјапал во нејзиниот задник и дека тоа било проблем…
Тинејџерка тврди дека била избркана од еден шопинг центар поради прекратките шорцеви. 19.годишната Габриел Гибсон од Алабама споделила фотографии на својот Фејсбук профил, облечена во спорната комбинација која и’ задала проблеми во трговскиот центар.
“Денеска бев буквално злоставена и избркана од центарот ’Bellair’ во Алабама поради она што го носев. Очигледно, возрасните мажи не можеле да се соземат па затоа бев избркана”, напишала Гибсон покрај фотографиите.


Gepostet von Gabrielle Gibson am Mittwoch, 1. August 2018

Трговскиот центар набрзо издал соопштение во кое објаснуваат дека се фокусирани на „одржување на семејна атмосфера” и дека секој кој носи облека која ги прекршува нивните правила „ќе биде замолен да го напушти објектот”.
Како што вели Габриел, едно од лицата што го обезбедувале шопинг центарот и’ кажал дека зјапал во нејзиниот задник и дека тоа било проблем.


Gepostet von Gabrielle Gibson am Sonntag, 13. August 2017


“Тогаш не гледај во него”, напишала тинејџерката и додала дека тие биле непристојни и потполно непрофесионални околу целата ситуација.

Откако нејзината објава стана вирална на социјалните мрежи, група жени организирале „SlutWalk” во знак на протест против политиката на трговскиот центар, а во склоп на акцијата, тие повикале жените да се појават разголени во „Bellair”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …