(ФОТО) Луѓето се шокирале кога виделе какво боди една баба и купила на внуката

Една баба одлучила на својата внука да и подари боди за бебе со необичен принт. Имено, на девојчето му купила боди на кое се отпечатени приврзоци за гради и танга гаќички. Како самото тоа да не било доволно за новороденчето, од задната страна се наоѓа и отисок од тетоважа која „ѕирка“ од гаќичките.
Фотографијата од бебето на форумот на Редит ја објавил пријател на бабата кој тој необичен избор го забележал на профилот на Фејсбук.


„Не можам да кажам дали е пожално како бабата се обидува да ја дотера внуката или преку стотина коментари во кои е говори дека девојчето е неодолливо“, напишал член на форумот.
Слични реакции фотографијата предизвикала и кај другите корисници на Редит кои изненадувањето го споделиле во коментарите.
„Знам дека би требало да биде смешно, но како да се обидуваат да кажат дека бебето е к**ва“, вели еден корисник на Редит.
„Се плашам за иднината на тоа дете“, се согласил друг.
„Овдвратен е самиот факт што некаде може да се купи вакво боди. Одвратно и застрашувачки е некој тоа да го направил“, коментирал трет.
„Ова би го купил како подарок од зафрканција, но не би очекувал некој тоа навистина да му го облече на дете“, заклучил четврт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …