(ФОТО) Лина Пејовска го воодушеви жирито во „Ѕвезди – Летен хит“ на РТЛ во Хрватска:„Ти си совршена!“

Синоќа стартуваше новото шоу на РТЛ телевизија – „Ѕвезди – летен хит“…
И, за чудо имавме претставник и од Македонија…млада пејачка која воодушеви и го доби прекарот „Македонска Бијонсе“…
Станува збор за Лина Пејовска (16) која го воодушеви жирито. Македонската претставничка се претстави на македонски јазик, а го испеа евровизискиот хит „My Number One“, на Елена Папаризоу.
Самата најава на Лина беше фантастична а таа се претстави на одличен македонски јазик (без да си го крши јазикот) и ги запозна публиката, жирито но и тв гледачите со себе и музиката што ја исполнува…
Потоа следеше настапот на Лина која своите музички хитови редовно ги става на Јутјуб а некои се прегледани и повеќе од два милиони пати.
Лина на сцената излезе растеретена од сериозноста на настапот, лесно, разиграно, младешки и си ја испеа песната што ја имаше избрано а шжирито…тие едноставно полудеа…бидејќи Лина ги воодушеви со својот настап, изглед и каризма.


Прв и се обрати Бранко Ѓуриќ, на македонски (нормално со акцент) но си направија муабет со Лина која реагираше многу прибрано на неговите комплименти.
„Ти си совршена. Јас не знам што си ти? Ти си врв. Те гледав со отворена уста, прекрасна си, се движиш на сцената, ама совршена си“, со воодушевување зборуваше Андреа Андраши која во жирито го претставува гласот на народот. „Немам што да кажам. Самото тоа што доаѓаш од Македонија говори доволно. Таму сите одлично пеат“, беше кус и директен Тончи Хуљиќ. Имаше комплименти и од Нина Бадриќ и Петар Грашо кој и „го даде срцето“ на Лина откако нашата претставничка јавно искажа желба со него да испее дует.


Инаку од оваа сезона шоуто „Ѕвезда“ има други правила па кандидатите наместо да бидат менторирани во неколку нумери со своите избрани ментори ќе пеат дует…
Учеството на Лина Пејовска на ова шоу е причина повеќе во сабота навечер да го следиме РТЛ…

Екран.мк/Г.О.
Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …