Телата а особено задниците на славните убавици обично измамуваат воздишки но некои дами не успеале да им избегаат на фотографите па нивните целулити им се откриени на светот.
Многу славни убавици секојдневно на своите профили на социјалните мрежи ги воодушевуваат фановите со своите атрактивни фотографии на кои изгледаат беспрекорно. Стегнати тела, сјајна кожа, прекрасна коса и раскошни облини се составен дел од нивните селфи фотографии со кои заработуваат милиони лајкови но и долари.
Сепак, дека стварноста сепак не е толку прекрасна покажуваат папарацо фотографите кои фатиле тие истите занесни дами ги „фатиле“ во не баш дотерано издание. Кога ќе се тргнат филтерите, учинокот на фотошопот и шминката, што останува? Само просечни тела избрендирани како најбарана роба на светот.
Така, Ким кардашијан е фатена разголена во прошетка по плажа за време на која не блеснала со својот извонреден изглед туку со поголеми талози на целулит, а слично се случило и со плус сајз моделот Ешли Грахам.
Дека и Викториините ангели се луѓе со свои физички маани покажува прекрасната Алесандра Амброзио која и покрај одличната вита линија и понатаму мака мачи со проблематичниот целулит.
Спортистката Серена Вилијамс исто така не можела да го скрие својот целулит, а подобро не минала ниту Ума Турман. Дури и најславниот задник на светот,оној на Џенифер Лопез, ја изневерил својата сопственичка и се набрал од мрсните наслаги.Своето сало гордо го прошетала и манекенката Искра Лоренс која одлучила да се бави со инклузивност на сите типови телесна убавина.
Утешно е да се знае дека и најубавите жени на светот сепак се само човечки суштества кои само со помош на цела војска помагачи стануваат богинки какви сме навиканле да ги сметаме!
Екран.мк/Г.О.