(ФОТО) Лекарите мислеле дека носи близнаци, а кога ја породиле не можеле да веруваат во тоа што го гледаат!

Некои од хирурзите дури и се смееле

Амбер Камберленд (21) прв пат се породила на 16. април, а нејзината ќерка Емилија на раѓањето тежела скоро 6. килограми.



Нејзиниот стомак бил толку голем за време на бременоста, а лекарите сфатиле дека на матката и се формирала толку голема „топка“, што не биле сигурни дали ќе има изненадувања и дека ќе роди близнаци, иако на ултразвук се гледало само едно бебе.
Емилија станала најдолгото и најтешко девојче досега родена во Велика Британија, а рекордот го држи едно машко бебе кое е родено во 2012 година и тежело 7. килограми, пренесува Metro.


– За време на бременоста, лекарите беа убедени дека се близнаци, иако на ултразвукот видовме само едно бебе. Дури и мојот сопруг и јас почнавме да веруваме дека очекуваме близнаци – рекла Амбер од Оксфордшир и додала:



– Кога ме породија, лекарите видоа голема бела глава, а потоа се погледнаа шокирано. Кога сфатија дека бебето е толку големо, дури и се смееја – открива среќната мајка.


Патем, освен невообичаено големата тежина, бебето се родило потполно здраво.


Фото: Facebook/Amber Cumberland

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Елегантното издание на Иванка Трамп на инаугурацијата на Доналд Трамп: Блеснала во смарагдно зелен комплет

Иванка Трамп изгледала убаво и одважно во зелен комплет составен од здолниште и јакна, на …