(ФОТО) ЛЕЈДИ ГАГА Е ПОВТОРНО ВЉУБЕНА – Но, не во Бредли Купер!

Лејди Гага има нов дечко и тоа не е Бредли Купер. Американските и британските таблоиди се распишувале за врската на Гага и аудиоинженерот Ден Хортон. Додека целито свет зборувал за нејзината наводно романтична врска со Бредли Купер, Гага се гледала со Хортон кој е нејзин соработник од минатата година.


Парот е виден овој викенд на романтична вечера, а извор близок до пејачката за „E! News“ рекол дека таа дефинитивно излегува со Хортон.
„Да, тие двајца се дефинитивно заедно“, рекол пријателот на популарната Гага.


Веста дека Гага има нов дечко и дека тој не се вика Бредли Купер ги разочарала обожавателите. Многумина се надевале дека Гага и Бредли ќе признаат дека се во врска откако тој ја прекинал долгогодишната врска со руската манекенка, Ирина Шајк.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …