Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денес на Инстаграм му го честитаа роденденот на братот на Вилијам, Хари, со фотографија на која тројцата се добро расположени, а целта на ваквата објава е веројатно да се побие верувањето на јавноста дека двајцата браќа веќе не се во добри односи.
Сепак, сопругата на Хари, Меган ја нема на фотографијата. На видеото, направено пред три години на атлетска патека во Лондон, може да се видат Кејт но и како Вилијам и Хари победуваат на трката, а сите тројца имаат насмевки на лицата.
Според лондонскиот „Дејли меил“, ваквиот израз на семејно единство доаѓа по обвинувањата дека некогаш неразделните браќа по таканаречениот „Мегзит“ не разговарале два месеци – односно од одлуката на Хари и неговата сопруга Меган да се повлечат од функцијата членови на кралското семејство – но некои веднаш забележааледека Меган ја нема на објавената фотографија.