(ФОТО) Кралот Чарлс ја објави првата фотографија со своите наследници по крунисувањето

БРИТАНСКИОТ крал го одбележа крунисувањето објавувајќи нова фотографија со двајцата наследници, престолонаследникот Вилијам и неговиот син, принцот Џорџ. Фотографијата е направена во собата на тронот на Бакингемската палата на денот кога тој беше крунисан.
Кралот седи во центарот на еден од троновите од 1902 година направени за идниот крал Џорџ V и кралицата Марија. На фотографијата кралот е во наметка и со царската државна круна, а во рацете држи кралско јаболко и жезол со крст. На фотографијата Вилијам и Џорџ стојат од двете страни на кралот и се смешкаат.

Во петокот беше објавена друга фотографија на која се гледаат Чарлс и Камила со нивните пажови и дворски дами. Исто така е снимена во собата на тронот на Бакингемската палата на денот на крунисувањето. На третата фотографија е прикажан насмеаниот принц Џорџ, како и внуците на кралицата Фреди Паркер Боулс, Гас Лопес и Луис Лопес и правнук Артур Елиот.



Кралицата Камила е опкружена со нејзината сестра Анабел Елиот, а кралот е опкружен со маркизата од Ландсдаун – која е назначена во кралското домаќинство како придружник на кралицата во 2022 година. Фотографиите се направени од Хју Барнард, кој ја снимил и свадбата на Чарлс и Камила во 2005 година.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …