(ФОТО) Кога го слават новиот цар не жалат: Во Јапонија се служи џиновски бургер за 800. евра! Луксузно јадење наросено со злато!

Хамбургерот, кој е наречен златен џиновски бургер, чини 100.000 јени или 800. евра и ќе биде на менито до крајот на јуни.

Еден ресторан во Токио од вчера започна да нуди хамбургер од 800. евра како дел од прославата за доаѓањето на новиот цар на почеток на месец мај.
Хамбургерот е тежок три килограми. Се состои од деликатесна паштета, говедски бургер, бифтек и црни тартуфи, а на горниот дел има златна прашина.


“Сакаме да го прославиме доаѓањето на новиот цар и новата ера во Јапонија”, рекол шефот на кујната во ресторанот, Патрик Шимада, Американец со јапонско потекло.Хамбургерот, кој е наречен златен џиновски бургер, чини 100.000 јени или 800. евра и ќе биде на менито до крајот на јуни.


Јапонија долго време забрануваала консумирање месо, но таа забрана ја укинал царот Меиди во 1872 година, а од крајот на Втората светска војна хамбургерите се прават и продаваат во Јапонија.


Јапонскиот цар Акихито ќе абдицира на 30. април 2019 година, што ќе биде првото доброволно напуштање на престолот после два века. Ден подоцна принцот Нарухито ќе биде крунисан и со тоа ќе започне новата ера. Акихито кој има 83. години изразил желба да абдицира поради здравјето и годините.

Новата јапонска империјална ера ќе започне на 1. мај кога принцот Нарухито ќе стане цар и ќе биде позната под името “Reiva”, соопштено е вчера во Токио.Како што наведува BBC, владеењето на секој нов јапонски цар добива име кое во западниот календар служи да ја означи годината во Јапонија. Името “Reiva” означува ред и хармонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …