(ФОТО) Кјара Ферагни – Најпознатата модна блогерка на светот од карантинот во Италија порачала:„Ова е сериозна работа!“

Кјара Ферагни, најбогатиот италијански моден блогер, е една од оние што се во карантин поради ширењето на коронавирусот.
Кјара е јавно ангажирана да помогне во подигање на јавната свест за важноста на придржување кон упатствата на Светската здравствена организација (СЗО) за време на епидемијата на коронавирус. Исто така, Ферагни секојдневно споделува фотографии од нејзиниот дом во Италија, каде во моментот е во карантин со семејството.
„Мојот карантински тим“, напиша убавицата објавувајќи фотографија на која позира со својот син и нивниот домашен миленик.


View this post on Instagram

Favorite one ❤️


A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni) on


Таа, исто така, ги коментираше оние што тврдат дека коронавирусот е „претерување“.
„Цела Италија е затворена и во домашни карантини. Цела Италија. Доста ми е од оние луѓе кои не го сфаќаат ова сериозно“, рекла таа, додавајќи дека нејзината продавница во Милано е затворена поради безбедност на вработените.

Кјара и нејзиниот сопруг биле вклучени во собирање донации за борба против коронавирусот, за што самите донирале 100.000 евра. Досега се собрани над три милиони евра на платформата GoFundMe за само 24 часа, при што донациите доаѓаат од 92 земји.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …