(ФОТО) Кире Лазаров исполнуваше новогодишните желби на децата од Детска клиника на онкологија

Дел од дечињата беа заминати за празниците дома нивните подароци од Кире и „Форца“ медицинските сестри ги ставија под елката и ќе им ги дадат кога ќе се вратат во болница

Деновите околу Новата Година најмногу ги очекуваат дечињата, посебно оние кои силно веруваат во легендата за добриот дедо дебелко кој носи подароци на сите кои биле умни во годината што си оди. Меѓу сите тие добри дечиња тука некаде околу нас живеат и Давид, Фехми, Емир, Едон, Никола, Реис, Ана, Мерџан, Дилара.


Тажно е што деновите им поминуваат на детската клиника на одделот за онкологија. Тие имаат помеѓу 2 и 13 години, секој со своја новогодишна желба, а нивните родители само една. Истата им ја посака и Кирил Лазаров и неговите пријатели од „Форца“.


При посетата тој им ги даде подароците кои беа нивни желби упатени до Дедо Мраз. Меѓу дечињата најголем беше Мерџан кој има 13 години и веќе не верува во Дедо Мраз но го препозна Кире, видно возбуден што е во неговата болничка соба, на средбата му посака многу среќа на престојното СП и му го покажа телевизорот на кој ќе го гледа и ќе навива за Македонија.


Капитенот му вети дека до почетокот на Мундијалот ќе му испрати и дрес за Мерџан да биде вистински навивач. Дел од дечињата беа заминати за празниците дома нивните подароци од Кире и „Форца“ медицинските сестри ги ставија под елката и ќе им ги дадат кога ќе се вратат во болница. Кире им посака на сите дечиња многу здравје и им вети повторна средба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …