„Не размислувам многу за дедо ми, никогаш не го запознав“, изјавила Рајли
По разводот на нејзините родители, Лиза Мари Присли и Дени Кеог, Рајли (33) останала блиска со семејството, иако сакала независност во кариерата. Рајли Кеог е актерка, а ова е нејзино прво огласување откако нејзината мајка почина на 54-годишна возраст.
Кеог објавила слика со нејзината мајка од детството, а во описот оставила само едно срце. Објавата дојде само една недела откако беше потврдено дека Лиза е погребана на имотот на Елвис, Грејсленд, покрај нејзиниот покоен син и татко.
View this post on Instagram
Рајли е првата ќерка на Лиза, од нејзиниот прв брак, во кој доби и син, кој се самоуби пред точно две години. Рајли има уште две сестри, близначки, кои нејзината мајка ги добила од вториот брак.
View this post on Instagram
Таа еднаш изјавила како се чувствува што е внука на толку познат дедо:
– Луѓето секогаш ме прашуваат „Колку е лудо што дедо ти беше Елвис? Јас ги радувам давајќи им одговор ‘Да, многу лудо!’ Но, всушност, никогаш не размислувам за тоа. Реалноста е дека јас знам за мојот дедо колку што некој би знаел за дедо кој никогаш не го запознал, изјавила младата актерка.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram