(ФОТО) Кејт Мидлтон на крунисувањето во издание за модната историја

Имало само еден дизајнерски избор за принцезата од Велс кога одлучувала што да облече за денешното историско крунисување.
И овој пат изборот на Кејт Мидлтон паднал на луксузната модна куќа Александар Меквин, која била таму за најголемите моменти од кралскиот живот на Кејт – од венчавката до крштевката на нејзините деца.
За денешното крунисување на Чарлс Трети во Лондон, Кејт избрала свилена наметка во боја на слонова коска, на која има сребрен вез што ги претставува четирите домашни нации – англиската роза, шкотскиот чичак, велшкиот нарцис и ирската детелина.


Наместо дијадема, таа на главата носеше интересен детал кој го „потпишуваат“ Џес Колет и Александар Меквин, составен од листови со кристали и сребрени конци.

View this post on Instagram

A post shared by Dreamslink Joydaily (@dreamslink_joydaily)



Принцезата од Велс и оддаде почит на Дијана носејќи обетки од бисер и дијамант, а исто така и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора носејќи го ѓерданот Џорџ VI Фесто, кој беше подарок од кралот Џорџ Шести на неговата ќерка.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати музички имиња од Македонија и Балканот овој викенд ќе настапат на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“

Најдобрата забава во Скопје ќе се оддржи токму во општина Гази Баба на 4ти и …