(ФОТО) Кејт Аптон заиграла тенис во адвентски календар

Американската глумица и модел, Кејт Аптон, се придружила на традиционалното адвентско одбројување на магазинот „Love“ и во видео посветено на 19.дена на адвентот, во долна облека заиграла тенис.
Кејт Аптон, 25. годишна глумица и модел, која често ги краси насловните на Sports Illustrated, неодамна се вратила од Италија, каде се омажила за долгогодишниот дечко, безбол ѕвездата Џастин Верландер. Кејт Аптон за Love Magazine за адвентскиот календар позирала со рекет, глумејќи тенисерка.


За својот ден од соништата Кејт Аптон избрала венчаница со длабоко деколте, но кое е децентно прекриено со слој чипка, која продолжувала и на ракавите. Џастин Верландер бил елегантен во црно одело и пеперутка, додека девериците имале фустани во разни варијации изработени од ист, розев материјал. 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …