(ВИДЕО) Новогодишен подарок од Каролина: „Ѕвона“ – првиот сингл од претстојниот албум

Каролина Гочева подготви новогодишен подарок за сите свои обожаватели. Го објави синлот „Ѕвона“ како најава за нејзиниот нов албум кој треба да излезе во февруари 2018. година.
За „Ѕвона“, музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот е на Весна Малинова, додека спотот е во режија на Огнен Шапковски- Мелем Продукција.
Каролина за новата песна „Ѕвона” вели:
„За сите што ни се во срцата, а не се со нас…И сите песни да стивнат, сите рози да се скинат, љубовта не исчезнува!Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме ♥”.
Ако можеме да судиме според првиот сингл, новиот албум на Каролина ќе ги израдува нејзините фанови во земјата и странство, со леснотијата во нејзиното пеење но и длабоката емоција која ја пренесува…Мелодијата пак е идеална за потпевнување и искажување емоции…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …