(ФОТО) Каролина за прв пат на оpen air концерт во Скопје под името “Ајде да летаме – GREATEST HITS” по повод 30. години кариера

Како сублимат на една неверојатно богата кариера, со 10 студиски албума и безброј хитови и евергрини, големо задоволство ни е да ви најавиме дека нашата Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт во Скопје под името “Ајде да летаме – GREATEST HITS” на 1ви јули, на Стадионот на АРМ во Скопје.
Концертот ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева.
Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 1ви јули во живо ќе може да ги слушнете: „Хипокрит”, „За нас”, „Капка под небото”, „Не се враќаш”, „Се лажам себе” и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30 годишната кариера на Каролина.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (08.06) на avalon.mk и ширум нашата продажна мрежа.

This image has an empty alt attribute; its file name is karolina-koncert-1.png


„Драги мои,
Со задоволство ве поканувам на дружба под отворено небо, заедно да ги испееме песните кои oдбележаа еден цел милениум на спомени и моменти од мојот живот, а се надевам и од вашите 💙
– 1ви јули
– Стадион на АРМ, Скопје;
Ајде да летаме низ времеплов од спомени и емоции, заедно да се потсетиме на оние времиња на кои сите со насмевка се навраќаме 🕊
Влезниците се во продажба од среда (08.06) онлајн на avalon.mk како и низ нивната продажна мрежа низ Македонија.
Се надевам дека ќе имаме една незаборавна вечер исполнета со многу љубов – но без облаци ☀️ 🙂 и дека после се’, заслужено ќе се опуштиме….
Иии… ќе биде се’ во ред!“, се обрати Каролина на Фејсбук.


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …