(ФОТО) Каролина ги распродаде двата концерти во Македонска филхармонија: Побрзајте за билети за третиот…

„ДВАТА КОНЦЕРТА НА КАРОЛИНА СО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА ПОЛОВИНА РАСПРОДАДЕНИ УШТЕ ПРВИОТ ДЕН!“, соопштија од Авалон продукција.
„Драги пријатели,
Задоволство ни е да ја споделиме со вас оваа среќна вест!
Иако концертите на нашата најголема музичка ѕвезда Каролина Гочева со Македонската
филхармонија, се закажани за 15-ти и 16-ти февруари и има три месеци до нивното
одржување, денес, на првиот продажен ден ве информираме дека и двата се половина
распродадени!
Ова е само уште еден показател дека публиката секогаш е желна да ја слуша Каролина во
живо и доказ дека македонски артист и тоа како распродава концерти!


За прв пат и во сосема поинаква варијанта, Каролина на сцена ќе ја придружува целиот
музички ансамбл на Македонската филхармонија, со репертоар кој ќе ги опфати најубавите
песни од нејзината досегашна кариера, во комплетно нови аранжмани.
Билетите по цена од 1.000 денари се во продажба преку продажната мрежа на Авалон и онлајн
на www.avalon.mk.
Побрзајте!“

Браво за Каролина, а оние кои не набавиле билети за нејзиниот концерт со Македонска филхармонија ќе можат да го направат тоа на www.avalon.mk, а за кој концерт…е, тоа ќе го покаже времето!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …