(ФОТО) Јака жена: Кејт Мидлтон е „глава на куќата“ и сите конци ги држи во свои раце

Освен како двојка, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон воодушевуваат и како грижливото семејни луѓе и родителите. Тие неодамна добија трет наследник и ја проширија својата мала заедница. Слатките мали деца на кралскиот двојка прераснуваат во чесни, пристојни и внимателни млади луѓе, а се’ поради правилното воспитување за кое е најзаслужна нивната мајка, која, како и повеќето жени, ги држи сите конци во рацете
За родителските навики на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не се знае премногу но она што е познато е за пофалба. Со својата посветена работа и грижа за децата, тие често ги водат на кралските ангажмани, и го воодушевуват светот.


Нивниот четиригодишен син, Џорџ, и една година помладата ќерка на Шарлот, неодамна ги изрдува братот Луј. Тримесечниот наследник внесе нова веселба и радост на веќе темперментното семејство. Во иднина, се повеќе ќе можеме да сведочиме на настаните на кои Кејт и Вилијам ќе ги водат своите три деца, а особено откако војвотката ќе се врати од породилното отсуство.


Но, судејќи според она што досега го видовме, иако понекогаш знаат јавно да не насмеат со своето заиграно однесување, принцот Џорџ и принцезата Шарлот се пристојни деца кои и тоа како се разликуваат од повеќето нивни врсници. Заслугата за тоа можеме да го припипеме на соодветните воспитни методи на нивните родители.

“Вилијам е прекрасен татко. Исто како што нему и на принцот Хари им беше принцот Чарлс. Поради ова, Вилијам прави се’ за доброто на семејствата и секогаш се грижи неговите деца да чувствуваат љубов. Тој сака да пораснат во дом полн со смеа, љубов и веселба, токму како што и неговата мајка, принцезата Дијана секогаш се обидувала да го прави за време на неговото растење”, објасник семеен пријател на војводата и војвотката од Кембриџ.

Tактиките што се гледаат во неговото одгледување и пристап до деца може да се поврзат со моментите што се врежани од детството. Методите што ги користела омилената принцеза Дијана и тоа како влијаеле на денешното однесување на нејзините синови, принцот Вилијам и Хари.

Сепак, војвотката Кејт игра клучна улога во одржувањето на семејството заедно и под контрола. Иако таа има помош од верните дадилки, познаниците ја опишуваат Кејт како убава и внимателна мајка. Нејзината мајчинска енергија, со која зрачи, посебно се истакнала на недамнешното крштевање на принцот Луј.

“Кејт е исклучително послушна, но во исто време таа е многу јака и сè води зад сцената. Во таа смисла, е како нејзината мајка, Керол Мидлтон. Затоа сум сигурен дека Кејт е онааа која го води главниот збор во семејството и дека таа работи на изградба на односи со нејзините членови “, објаснила Ингрид Сјуард, новинарка која многу години го следи кралското семејство. Впрочем, и самата војвотка еднаш објаснила што е најголема вредност за неа и кон што тежнее.

“Минувањето на квалитетно заедничко време е многу важен аспект на семејниот живот, а особено е важно за мене како мајка. Затоа тежнеам кон едноставните семејни моменти како играње со децата во дворот што особено им се допаѓа на моите деца “, рекла 36.годишната Кејт.

#katemiddleton #princgeorge #love #yellowdress

A post shared by @ katemidletton_meghanmarkle_ on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …