(ФОТО) Ја сакавме во улогата на ДАДИЛКА а не знаевме дека преживеала ХОРОР!

Една од главните sвезди на серијата „Дадилка“, Фран Дрешер, раскажала за нејзината животна траума, која потресла многу нејзини обожаватели.
Популарната актерка била силувана пред повеќе од три децении, а поради траумата што ја оживеала во 2000. година, доби рак на матката.
„Со години избегнував да се соочам со мојата болка и силување. И затоа завршив со карцином. На крајот, заврши нешто поетично затоа што телото се распадна и се разви болеста“, рекла таа, додавајќи дека ја надминала траумата:
„После тоа, никогаш повеќе не бев иста. Но, што и да ти се случи, мора да продолжиш и да ја претвориш болката во некаква цел, што и го сторив“, додала.
Нападот врз популарната Фран се случил за време на вооружен грабеж, во нејзиниот стан во 1985. година, во кој живеела со нејзиниот сопруг. Разбојниците тогаш ги силувале неа и нејзината пријателка, додека нејзиниот сопруг врзан морал да го гледа сето тоа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …