(ФОТО) Интензивно се дружат: Бекам ја измамува Викторија со манекенка!?

Извори блиски до брачниот пар зборуваат дека Дејвид минатата година ја запознал Хелена, после што почнале интензивно да се дружат, а наводно нивното пријателство и пречи на Викторија која мисли дека помеѓу нив нешто се случува…
Гласините за брачните проблеми на бившиот фудбалер Дејвид Бекам (43) и модната дизајнерка Викторија Бекам (44) и понатаму не стивнуваат, а сопругот на бившата „Спајсица“ наводно се’ поинтензивно се дружи со данскиот супермодел и манекенка Хелена Кристенсен (50). Како што пренесува британски Mirror, папараците „ги фатиле“ Дејвид и Хелена во Мајами, додека Викторија останала дома во Лондон, со децата.


Извори блиски до брачниот пар говорат дека Бекам, манекенката ја запознал минатата година, после што почнале да се дружат поинтензивно. Наводно, нивното пријателство и пречи на Викторија која мисли дека помеѓу нив се случува нешто повеќе.
„Викторија е често нервозна и загрижена поради пријателствата на Дејвид со славните жени. Секако, тука има и по некоја доза на љубомора бидејќи и пречи што некоја друга жена го минува времето со него, а не таа. Инаку, Дејвид и Хелена кликнале на прва и останале во контакт после првата средба“, рекол извор за британските медиуми.


Хелена била една од најуспешните манекенки и супермодели на деведесеттите години а зад себе има дури три пропаднати бракови. Со вториот сопруг, американскиот глумец Норман Редус (50) го добила синот Магнус (19), а бившиот брачен пар и денес е во добри односи.
Меѓутоа, поради комуникацијата на Дејвид со Хелена не е првпат да се шушка за разводот на Бекамови. Во почетокот на февруари странските медиуми пишувале дека бившиот фудбалер „мати“ со пејачката Рита Ора (28), но на крај тие гласини се покажале како неточни. Таа пред неколку месеци била во врска со неговиот најстар син.


Брачниот пар Бекам заедно има четири деца – синовите Бруклин (20), Ромео (16) и Круз (14) и најмладата ќерка Харпер (7), а за нивниот развод веќе неколку пати се нагаѓало.
Имено, Викторија уште во 2003. година му простила афера со нивната куќна помошничка, Ребека Лос, и во една пригода потоа изјавила дека аферата на Дејвид со Ребека само го зајакнала нивниот брак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …