(ФОТО) Има 31. година а неодамна открила дека има рак:„Одете на преглед!“

На 31. годишната Ким Монтгомери, од Шкотска,во февруари и бил дијагностициран карцином на грлото на матката, и таа вели дека цели десет години ги игнорирала повиците за гинеколошки преглед од тамошното Министерство за здравство.
Но, по скоро девет месеци на крварење, Монтгомери конечно решила да направи Папа-тест, а имала лошо чувство.
По прегледот, лекарите ја известиле Ким дека има рак и во моментот ја чека нивната прогноза.


„Не мислев дека ќе заботам карцином. Имам само 31 година“, рекла Ким, која сега преку страница на социјалните мрежи им порачува на другите жени редовно да прават редовно Папа – тест, дури и ако сметаат дека прегледот е непријатен.

“Ракот влијае на психата. Се разбудив со инфекција на бубрезите и првото нешто што мислев беше – дали сега имам карцином на бубрезите? Имам само 31 година, а секоја вечер одам во кревет прашувајќи се дали навистина ќе се разбудам следниот ден, ова навистина влијае на моите чувства. Колку побрзо ќе го добијам мојот план за лекување, толку подобро“, напишала Ким на својот Фејсбук профил.



Најчестиот симптом на карцином на грлото на матката, според „Daily Mail“, е крварење слично на менструалниот за време на сексот или по менопаузата.
Други симптоми се болка за време на сексуалниот однос, вагинален исцедок со посилен мирис од вообичаеното и болка во карлицата.
Фактори на ризик може да бидат:
Возраст – повеќе од половина од пациентите се под 45 години;
ХПВ инфекција – која ги погодува повеќето луѓе во одреден момент од нивниот живот;
Пушење;
Контрацептивни таблети – поврзани со десет проценти од случаите;
Породување;
Семејна историја на карцином на грлото на матката или други рак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …