„Сакам со вас да поделам дека веројатно минувам низ абортус. Со вас секогаш сум била отворена за семејството, фитнесот, бременостите и не сакам ова да го кријам од вас бидејќи не е позитивно и сјајно како се останато“, напишала покрај фотографијата на која со раката го допира трудничкото стомаче.
35. годишната Хилариа Болдвин пред само десет месеци го родила Ромео, а мајка е и на двегодишниот Леонард, тригодишниот Рафаел и петгодишната Кармен.
Еве што се случува. Ембрионот има отчукувања на срцето, но не се јаки и не расте доволно. Чекаме, тоа е тешко. Толку несигурности, а шансите за успех се многу, многу малечки“, појаснила.
Вели дека со оваа објава сака да го нормализира абортусот и да ја отстрани стигмата по тоа прашање. Според Американскиот колеџ за опстетрика и гинекологија, десет отсто од дијагностицираните бремености завршуваат со абортус.
Болдвин додала и дека првите три месеци од бременоста и биле доста непријатни.
„За мене првото тромесечје е исцрпувачко. Имам мачнини, уморна сум и телото ми се менува. Морам да се претворам дека е се во ред а навистина не е. Не сакам повеќе да се претворам. Се надевам дека разбирате“, заклучила.