Пејачката Северина и фудбалскиот менаџер Игор Којиќ дефинитивно ставија крај на бракот, а вчера ги потпишаа и документите за развод.
Според медиумите, консензуалниот развод е официјализиран во судот во Загреб. На 12 август, поранешната двојка поднела барање за развод.
Наводно, ја чекале пресудата во врска со старателството над малолетниот Александар, синот на Северина и Милан Поповиќ.
Да потсетиме, двојката се венча во црква кон крајот на септември 2015. година во Истра, по што следеше гламурозна граѓанска венчавка во Белград.
Иако важеа за хармоничен пар, јавноста шпекулираше дека тие влегле во брачна заедница заради лични интереси. Во секој случај, познато е дека веќе со месеци Северина и Игор дури и не живеат под ист покрив, туку водат одвоени животи.
Фото: Принтскрин/Instagram