(ФОТО) И’ КРАЛИЦАТА И ГО ЧЕСТИТАЛА 39. РОДЕНДЕН НА МЕГАН МАРКЛ: Фотката говори сама за себе!

Кралицата Елизабета и посакала среќен 39-ти роденден на војвотката од Сасекс,Меган Маркл.
Профилот на кралското семејство на Твитер испратило порака до Меган Маркл и и’ го честитала роденденот.
„На војвотката од Сасекс и посакуваме среќен роденден“.
Честитката е објавена со фотографија на кралицата и Меган, заедно во посета на Честер во 2018. година.


Насмеаната заедничка фотографија е знак дека нема „лоша“ крв после славниот „Мегзит“ и прекинувањето на Хари и Меган со кралското семејство.
Минатата година Меган беше дел од британското кралско семејство и живееше со Хари и нејзиниот син во замокот Виндзор. Овој пат, го слави својот роденден далеку од британската монархија, заради желбата нејзиното семејство да стане финансиски независно.
Сопругата на принцот Хари роденденот ќе го прослави во Лос Ангелес.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …