КОРОНА ВИРУС ВО АВСТРАЛИЈА – ВО ВИКТОРИЈА ВОЈСКАТА ГО ПРОВЕРУВА ПОЧИТУВАЊЕТО НА МЕРКИТЕ: Секој кој ќе ги прекрши правилата ќе добие „пеколна казна“ од 5.000 долари

Австралиската држава Викторија објавила дека ќе ангажира војска која ќе проверува дали луѓето ги почитуваат пропишаните мерки за самоизолација заради Ковид 19, и рекле дека секој фатен во кршење на овие правила ќе биде казнет со строги казни.
Во Викторија, втората најнаселена држава во Австралија, во последните 24. часа се регистрирани 439. нови случаи на коронавирус, а 11. лица починале.
Претходно, Викторија воведе полициски час во текот на ноќта, го ограничи секојдневното движење на луѓето и нареди затворање на голем дел од локалната економија со цел да се забави ширењето на вирусот корона.
Меѓутоа, при проверка на усогласеноста со мерката за изолација, полицијата не нашла дома скоро третина од заразените со Ковид 19, рекол премиерот на Викторија, Даниел Ендру и најавил остри парични казни.
Тој рекол дека оваа недела во Викторија ќе бидат распоредени 500 војници во Викторија, кои ќе го следат почитувањето на правилата на самоизолација, а казните за оние што не го сторат тоа ќе бидат скоро пет илјади австралиски долари.
Исклучок ќе биде потребата да се оди на лекар.
„Буквално нема причина да ја напуштите куќата и ако го сторите тоа, ќе ви биде многу тешко да ја убедите полицијата во Викторија дека имате правна причина за тоа“, рекол Ендрус пред новинарите во Мелбурн.
Во Австралија се заразени скоро 19.000 луѓе, а досега починале 232 лица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Бобан Бабунски !!!

Бобан Бабунски е роден во Скопје на 5 мај 1968 година. Тој е поранешен југословенски …