(ФОТО) Халеп „ја растури“ Вилијамс и го освои првиот трофеј на Вимблдон

Како најавуваше така и играше – Симона Халеп од првиот до последниот момент на тревникот на Вимблдон поубедлива и подобра од Серена Вилијамс..И, навистина, Симона Халеп покажа дека нема причина за страв кога игра со Вилијамс…
Симона Халеп одигра неверојатен меч, нејзиниот најдобар во кариерата, за 56. минути ја победи Серена Вилијамс во финалето и прв пат го освои Вимблдон.


Вимблдон има нова шампионка, Симона Халеп со фантастичен перфроманс ја победи Серена Вилијамс и дојде до огромниот трофеј.
Мечот не траеше ни еден час, Халеп победи со 6-2 и 6-2 за само 56 минути игра.



По натпреварот таа беше прашана дали некогаш одиграла подобар меч од овој, таа одговори: „Никогаш“.
И Серена Вилијамс беше полна со комплименти за Халеп велејќи дека Романката одиграла меч кој е надвор од умот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …