Се’ започнало како шега пред десетина години, а сега станало стварност. Седум жени од југоисточна Кина покажале дека пријателството не познава граници.
Имено, тие уште во 2008. година во шега заклучиле дека би можеле староста да ја минат заедно живеејќи во куќа од соништата, а десет години подоцна една од нив наишла на напуштена недвижнина и тоа на волшебна локација. Иако сите имаат семејства и се независни, на сите веднаш им било јасно дека тоа е извонредна можност за реализација на нивниот договор.
Станува збор за 700 квадратни метри во предградие во покраината Гуангзоу во чија реанимација пријателките вложиле отприлика 500.000 евра и ова велелепно здание сега е подготвено за живот. Со заеднички сили го осмислиле дизајнот спојувајќи ги елементите на традиционалното со модерното, а поедини парчиња мебел донеле дури од Индија и Мароко, пишува Bored Panda. Денес тоа е модерна куќа со седум спални соби и голем дневен простор наменет за дружење, а дворот го краси голем базен.
Иако нивната куќа е отприлика оддалечена еден час од идното населено место, овие пријателки кои се познаваат отприлика две децении свесни се дека нема да се чувствуваат осамено бидејќи се имаат една со друга.
Како што раскажале во едно интервју, често сакаат да се шегуваат дека секоја од нив би требало да научи барем една вештина која би им го олеснила животот. Така една би требало одлично да готви, друга да ја познава традиционалната кинеска медицина, трета да се грижи за билките…
Но, како што завршила нивната последна шега, никого не би требало да го чуди ако навистина се посветат на учење на нови вештини…