(ФОТО) ГО ИГРА ГЛАВНИОТ ЛИК – Елен Помпео по 19 сезони се збогува со „Вовед во анатомија“ и сподели емотивна порака

Американската актерка Елен Помпео, која се прослави со улогата на Мередит Греј во серијата „Вовед во анатомија“, по 19. долги сезони на снимање реши да се прости од овој проект, а по тој повод испрати и емотивна порака до своите обожаватели. 
Серијата со оригинално име „Grey’s Anatomy“, која се емитува со години, во новите делови ќе се врати без главниот и многу сакан лик – докторката Мередит Греј.
Елен Помпео, која ја глумеше Мередит, претходно најави дека нејзината улога во серијата може да заврши, а сега со емотивна објава на Инстаграм се прости од обожавателите.
„Вечно сум благодарен за љубовта и поддршката што ми ја покажувавте мене, Мередит Греј и ова шоу веќе 19 сезони! Низ сето тоа, ништо од ова не би било можно без најдобрите обожаватели во светот. Сите вие ​​го направивте ова патување толку забавно и иконски. Ве сакам и ценам до небо“, напишала Помпео.

View this post on Instagram

A post shared by Ellen Pompeo (@ellenpompeo)


Во својата објава таа истакнала и дека тука не е крајот на нејзиното појавување во серијата и дека нејзиниот лик дефинитивно има намера повторно да се појави во некои епизоди.
„Ова не е прв пат на ролеркостер… знаете дека серијата мора да продолжи, и јас дефинитивно ќе се вратам да ја посетам“, додала актерката.
Во коментарите под објавата се јавиле бројни фанови на актерката, како и колеги од серијата, меѓу кои и актерката Кејт Волш.
„Ве сакам и обожавам, секогаш и засекогаш. Ова не е збогум, само ‘се гледаме подоцна“, кукле“, напишала актерката која ја глумеше Адисон Монтгомери во серијата.
Многумина и посакаа среќа на Помпео, но напишаа и дека со отсуството на нејзиниот лик ќе им биде бесмислено да ги гледаат понатамошните епизоди од серијата.
Инаку, фактот дека Помпео наскоро би можела да ја напушти серијата беше навестен во промо трејлерот за продолжението на епизодите закажани за февруари 2023. Се покажа како Мередит размислува да го напушти Сиетл, каде што основа семејство и изгради кариера, и да го продолжи животот во Бостон.


Есенското финале на серијата, која моментално ја достигна својата 19-та сезона, донесе уште еден болен пресврт за ликовите, но и за гледачите. Имено, минатото и негуваните спомени на Мередит исчезнуваат во пламен, кога куќата на нејзината мајка – исто така една од главните локации во сите сезони – е оштетена во пожар.
Помпео, исто така, минатиот август откри дека можеби ќе ја заврши својата актерска кариера по завршувањето на „Вовед во анатомија“, велејќи дека повеќе не е толку возбудена за новите улоги и глумата.
Актерката е една од најбогатите во светот, а податоците од 2019. година открија дека со улогата со која сега решила да се збогува, заработувала и до 22. милиони долари годишно.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …