Британската пејачка Адел ја оставила публиката на своето шоу во Лас Вегас прилично запрепастена откако изгледало како да исчезнала од сцената.
Пејачката навидум исчезнала во воздух за време на настапот како дел од нејзиното долгоочекувано резиденцијално шоу во Лас Вегас наречено „Викенди со Адел“.
Клип од шоуто на Адел во Колосеумот во Палатата Цезар во Лас Вегас беше споделено на Твитер откако таа мораше да го откаже својот сет настапи во градот.
Видео со опис „Каде по ѓаволите отиде?“, покажува како пејачката ги крева рацете за време на долготраен аплауз пред туш од розови конфети да се спушти околу неа.
Adele disappeared into confetti to close out her first Vegas show. pic.twitter.com/8NQOme2FPa
— Pop Base (@PopBase) November 19, 2022
Кога на сцената паднала и последната конфета, Адел буквално исчезнала од видното поле.
„Се откачив на секунда кога се случи ова, бев како ‘каде е таа?!’“, признал еден фан во коментарите под видеото, додека други напишале дека го мислат истото.
where tf did she go 😭 #WeekendsWithAdele pic.twitter.com/Mj0vYwAAGx
— Fred 🍷 (@FredAdkins_) November 19, 2022
Било нејасно како Адел успеала толку брзо да исчезне од сцената, оставајќи ги фановите во публиката прилично збунети.
Серијата настапи на пејачката во Лас Вегас првично требаше да започне во јануари оваа година, но благодарение на пандемијата на коронавирус дојде до големо доцнење и тие мораа да се одложат.
Фото: Принтскрин/Twitter