(ФОТО) Глумицата со објава за својата болест многумина расплакала:„Мојот син избега од мене“

Ја открила вистината за тоа како изгледа мајчинството додека се бори со хроничната болест.
Минатата есен на Селма Блер и дијагностицирале мултиплекс склероза која, помеѓу останатото влијае на подвижноста, а забавата после доделувањето на Оскарите бил прв свечен настан на кој Селма се појавила со бастун. Како што тогаш открила, со години ги игрнорирала симптомите и живеела во убедување дека тоа се само минливи тешкотии.
Сепак, откако се соочила со болеста, Блер одлучила да биде брутално искрена за своите успони и падови со кои се среќава. Така во една од последните објави на Инастаграм открила трагична емотивна вистина за тоа како е да се биде родител додека се бориш со хронична болест.


„Ова е вистина. Лошо ми е. Повраќам и сето она што не е пристојно јавно да се говори. Мојот син избега. Од мене“, напишала глумицата покрај фотографијата на која е видно исцрпена.

Инаку, станува збор за фотографија која настанала откако примила терапија за мултиплекс склероза, велејќи дека токму тие третмани „земаат данок“ и често ја прават болна.
Сепак, таа не ја губи волјата и силата.
„Ќе минам низ сето ова. Ќе помине…Толку ми е мило што тоа сум јас а не моето дете“, напишала и многумина расплакала, а открила и дека понекогаш и е тешко да верува дека било кога ќе се чувствува подобро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …