ЕДЕН од најпопуларните актери во Германија, Мирко Нончев, ненадејно починал на 52-годишна возраст.
Популарниот комичар бил најпознат по улогите во ТВ програмата „RTL Saturday Night“, а неговата смрт за „Bild“ ја потврди неговиот пријател и менаџер Бертрам Ридел.
– Ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и член на семејството. Бараме разбирање во ова тешко време – напишал тој.
Нончев е роден во 1969. година од бракот на бугарскиот музичар Васко Нончев и германска новинарка.
Фото: Принтскрин/Facebook/Mirco Nontschew