(ФОТО) „Ѓаволот носи Прада“ добива продолжување: Позната приказната за иднината на асистентката!

Продолжувњето на приказната за Емили симпатичната бринета која сака да го освои свирепиот свет на мода, е на пат. Приказната ќе се врти токму околу забавниот и на јазик остар лик кој го игра Ен Хатавеј, само што во вториот дел фокусот не е на нејзината борба да се допадне на опасната шефица Миранда и свирепиот свет на модата.Entertainment Weekly, пишува Glamour, објавил ексклузивен увид во новото поглавје на новата книга.
Колку што знаеле од првиот дел, Емили нагло си заминала од „Runway“, откако Миранда и наредила на Енди да ја извести Емили за отказот. Како што открива авторката на книгата, Лорен Вајбергер, Емили е сега асистентка на познати лица и поради една задача мора да патува во Гринвич за да го опорави имиџот на славна личност кој е обвинета за возење под влијание на опијати.
Насловот на книгата е многу интересен „When Life Gives You Lululemons”, а ако се прашувате зошто ‘lululemons’, тоа е комбинација на зборовите „лимонада“ и познатиот светски бренд на спортска облека Lululemon.
Поради природата на својата работа Емили ќе се здружи со Џиџи Хадид и ќе работи за поп ѕвездата Риз, налик на Џастин Бибер. Порди сето ова првото поглавје наликува на холивудска приказна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …