(ФОТО Галерија) Во ООУ “ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ” – СКОПЈЕ по повод денот на пролетта и екологијата, се организираше ЕКО МОДНА РЕВИЈА

На ден 21.03.2023 година во просториите на ООУ „Лазо Ангеловски” –општина Аеродром по повод одбележувањето на 21 Март – Денот на пролетта и екологијата, се организираше Еко модна ревија.
Денешната Еко модна ревија претставува славење на детската креативност и фантазија. Нашата цел како организатори и домаќини на овој настан е да им овозможиме на сите ученици од основните училишта на територијата на општина Аеродром да создадат свои уметнички дела преку кои ќе ја истакнат функцијата на реупотребата на рециклирачките материјали.

This image has an empty alt attribute; its file name is eko-modna-revija.jpg
Преку своите изработени модели и презентации учениците се дел од подигнувањето на еколошката свест и култура, како и за придонесувањето за почиста околина и поздрава средина.


This image has an empty alt attribute; its file name is eko-modna-revija-1-rotated-e1679411421795.jpg

This image has an empty alt attribute; its file name is eko-modna-revija-2.jpg


На овој настан земаа учество повеќе од 180 ученици од сите основни училишта на територијата на општина Аеродром , а иститот беше збогатен со присуството на нашата гостинка – модната дизајнерка ИринаТошева, која што зад себе има богато и плодно дизајнерско искуство и се претстави со модел изработен од оризовиот „отпад“ експериментирајќи заедно со куркума и лушпи од бел и црвен кромид и преку техниката „шибори“, како една од најстарите техники за боење од Јапонија.

Фото: О.У “Лазо Ангеловски” – Скопје


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …