БРЕМЕНАТА Холивудската актерка Хилари Свонк објави необична фотографија од ултразвук на која се гледа како еден од нејзините близнаци го истегнува мускулот на раката.
„Бебето свиткува мускул пред камерата“, напиша Свонк на својот Инстаграм во описот на сликата од ултразвук, додавајќи ги хаштаговите „Бебе од вистински милион долари“ и „Prize fighter“. Свонк, која очекува близнаци со партнерот Филип Шнајдер, ја објави сликата во неделата, а досега собра повеќе од 88.000 лајкови и стотици коментари.
View this post on Instagram
Многу познати луѓе и се јавиле
Во пораки и одговориле и многу познати личности. „Веќе може да се каже дека има раменици како мајката“, напишала Кејт Хадсон. „Почивај мое срце. Одлични деца“, напиша актерката Мариска Харгитај. „О, боже“, се надоврзала Шерон Стоун, а Линдзи Лохан и остави емоции со срце.
View this post on Instagram
Да потсетиме дека Свонк ја објави својата прва бременост на почетокот на октомври. „Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест – ќе станам мајка. Доаѓаат две деца, не можам да верувам”, рече таа во емисијата Good Morning America.
Признала дека на почетокот имала „напади на утринска мачнина“, а бременоста ја одложувала со години поради кариерата и тоа што до Филип не ја запознала личноста со која ќе одгледува деца. Инаку, Хилари и Филип се во брак од 2018 година, а претходно беа во врска две години.
Фото: Принтскрин/Instagram