(ФОТО Галерија) СЕКОГАШ ПРАКТИЧНА – И’ „Буба“ може да биде кампер!

Стиви Гудфелоу се одлучи за проект во кој фокусот е на Буба. Станува збор за модел од 2.000 година со 1,8 литарски турбо мотор, на кој му е дадена нова намена. Гудфелоу направил големи модификации, а резултатот од неговата работа е комбинација од пикап и кампер.


Крајниот производ изгледа одлично и е добра алтернатива за оние кои не сакаат големи кампери или приколки.

 


Структурата на „шаторот“ е изработена од алуминиум и може да се состави за само пет минути, и така лесно да се расклопи кога е потребно. Шаторот е доволен за двајца возрасни.


„Гудфелоу“ вградил и 12V приклучок, како и посебен USB полнач, а има и LED осветлување за читање преку ноќ.

Тој планира да направи уште посериозен проект со своите пријатели со друга Буба, која ќе се напојува од турбодизел мотор, а исто така ќе има поголеми тркала, мал фрижидер, тоалет и рерна. Предвидена е и целосно електрична Буба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …