Додека уживала во чаша бело вино, Моника Белучи немала поим дека папараците ја фотографираат…
Моника Белучи (57) важи за личност која максимално ужива во животот. Не дозволува озборувањата да ја потресат, да и ја трујат душата, да ѝ врежат брчки на лицето.
Деновиве таа е во Шпанија каде деновите ги поминува во добро друштво и чаша бело вино.
Облечена во црна, проѕирна блуза и широко цветно здолниште, Моника изгледа опуштено и што е најважно – задоволно.
„Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојот имиџ во огледалото повеќе нема да ме прави среќна? Исто како што правеше мајка ми. Нема да се гледам себеси во огледало – ќе ги гледам моите деца”, рекла Моника еднаш, а од жените ширум светот нејзината изрека беше поздравена со аплауз.
Токму во согласност со таа изрека, Моника не дозволува натписите за помладата сопруга на поранешниот сопруг да и го нарушат мирот. Таа го зема најдоброто од животот.
„Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат, тие признаваат дека сте подобри“, е еден од нејзините познати цитати, а речиси можеме да се согласиме со неа и да и завидуваме на мирот со кој зрачи.
Извор: stil.kurir.rs