(ФОТО Галерија) Ирина Шајк привлекува погледи и во прошетка со ќерката. Во прв план бујно деколте и микро мини

Супермоделот Ирина Шајк била снимена на прошетка во Менхетен во друштво на нејзината симпатична ќерка Леа Де Син од врската со актерот и продуцент Бредли Купер. Згодната Русинка за релаксираната прошетка, избрала се’ освен обичен стајлинг


Во кожни детали од глава до пети, мини здолниште, груба јакна и Др. Мартинс чизми и малку подлабоко деколте Ирина Шајк излегла на прошетка со својата 3. годишна ќерка Леа Де Син.
По серијата опуштени изданија во кои модниот израз не бил толку важен, се чини дека 34.годишната Ирина се вратила на старите навики и облекла посебни трендовски детали и се обидела да го истакне нејзиниот сексипил.


Таа ја заштитила наследничката од ветрот и потенцијалните опасности и ја опремила со маска и очила, исто како што имала и самата. Таа покажала дека нејзиното здравје е прво.



Згодната Русинка и нејзината миленичка која ѕиркала од количката, шетале по Менхетен, каде живеат во стан од 13,5 милиони американски долари што минатата година го купил нејзиниот тогашен партнер и таткото на Леа, Бредли Купер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …