(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Бременоста и годи: Ева Лонгорија блеска во седмиот месец на бременост

Убавата глумица Ева Лонгорија, која за три месеци ќе стане мајка и ќе дочека бебе со сопругот Хозе Бастон, овие денови, во припиен аутфит, покажала како напредува нејзината бременост.
Глумицата која се прославила со улогата во серијата „Очајни домаќинки“ овие денови покажала колку и годи бременоста и како напредува. Откако во декември минатата година соопштила дека во 42. година првпат останала бремена, не се појавувала многу во јавност.
Сега повторно го покажала својот заоблен стомак кој, со времето и како се наближува породувањето, се’ повеќе расте.
Во тесни хеланки и припиена црна спортска маичка Ева е фотографирана при одењето на планинарење со сопругот,при што покажала колку е активна и покрај скорешното влегување во седмиот месец.
Освен тоа, латино ѕвездата после напорното искачување на брдо во околината на Лос Ангелес денот го минала во шопинг на Беверли Хилс. За таа пригода убавата трудница избрала бел стјлинг, кој се состоел од бели панталони, блуза и тренди патики.
Сопружниците кои се во врска од 2013. година, а во среќен брак последните две години, при тоа не ја криеле среќата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …