(ФОТО) Финалистка на изборот за „Мис на Англија“ се натпреварувала без шминка и влезе во историјата

СТУДЕНТКАТА Мелиса Рауф стана првата личност во 94-годишната историја на изборот за „Мис на Англија“ која се натпреварувала без шминка.
Иако не победи, речиси сите светски медиуми, меѓу кои и The Washington Post, пишуваа за нејзината убавина.

Тоа им пркоси на стандардите за убавина
Како што објаснила Мелиса, научила да се натпреварува без шминка за да „им пркоси на стандардите за убавина“.


View this post on Instagram

A post shared by Mel❤️ (@melisaraouf)


„Со години се чувствував несигурно и срамежливо, за што најмногу придонесоа социјалните мрежи. Бев бомбардирана со монтирани и фотошопирани фотографии“, изјавила таа за Би-Би-Си.
Рауф се квалификуваше за финалето на изборот за Мис на Англија во јуни, откако ги импресионираше судиите во Лондон за време на полуфиналето.
„Ова многу ми значи затоа што чувствувам дека многу девојки од различна возраст се шминкаат затоа што се под притисок да го направат тоа“, рекла таа тогаш.

View this post on Instagram

A post shared by Mel❤️ (@melisaraouf)


„Никогаш не сум почувствувала потреба да ги исполнувам стандардите за убавина. Неодамна прифатив дека сум убава во својата кожа и затоа решив да се натпреварувам без шминка”, објаснила таа и додала дека не е против шминката и дека понекогаш и самата ја става.

Новата Мис на Англија е инженер за воздухопловство
Да потсетиме, во финалето на Мис Англија за најубава беше прогласена 26-годишната воздухопловна инженерка Џесика Гаген, која минатата година беше прва придружничка.
„За време на средно училиште ме задеваа затоа што сум црвенокоса. Не го спомнав тоа многу за време на минатогодишниот натпревар бидејќи многу верувам во оставањето на негативните работи во минатото. Но, факт е дека никогаш немало црвенокосата Мис на Англија“, изјави Џесика за британските медиуми.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …